Гостиварка ограбила автобуска билетарница

Општина Гостивар / Фото: МИА

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои едното се товари за кривично дело тешка кражба, додека другото е обвинето за помагање при извршување на истото кривично дело.

Обвинетата 28-годишна жителка на селото Вруток, на 7 овој месец, извршила кражба во објектот на автобуската станица во Гостивар. Вториот обвинет, на возраст од 62 години и помагал така што и давал совети и упатства како да го изврши кривичното дело. Како вработено лице кај оштетениот, тој и кажал на обвинетата каде се клучевите од просториите. Двајцата заедно се упатиле кон билетарниците, каде обвинетата најпрвин од необезбедени простории украла мобилен телефон Ајфон 5 и повеќе клучеви. Откако не успеала да најде соодветен клуч за да ја отклучи вратата од една од билетарниците, таа со физичка сила ја отворила вратата и одзела 5.000 денари во различни апоени.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот