ГОРИ СУВА ТРЕВА: Пожар во близина на Пробиштип

Илустрација

Сува треба и нискостеблеста шума во моментов гори во околината на општина Пробиштип.

Градоначалникот на општината Драган Анастасов рече дека станува збор за поголема површина и дека во моментов не може точно да се каже колкав простор е зафатен.

Тој информира дека пожарот се движи кон селата во општина Свети Николе и дека за негово гаснење ангажирани се 23 пожарникари и членови на резервниот состав на противпожарната единица во Пробиштип. Во гаснење на пожарот се приклучуваат и пожарникари од Свети Николе.

Атансов вели дека за пожарот известена е Дирекцијата за заштита и спасување и дека од нив се бара да се вклучат и ЕР тракторите, со цел огнот да не се доближи до првите куќи на селата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот