Ѓоргиев од мешовитата македонско-бугарска комисија: Гоце Делчев треба заедно да го чествуваме

Професорот Драги Ѓоргиев, ко-претседавач на Мешовитата комисија со Бугарија од македонска страна, вечерва во интервју за телевизијата „Сител” истакна дека работата на Комисијата не е да го утврдува идентитетот на Гоце Делечев, туку да се постигне договор тој заедно да се чествува. Професорот очекува Комисијата, чија работа беше прекината кон крајот на минатата година, наскоро да продолжи со активности.

– Постои архивска документација за Гоце Делчев. Постојат документи во кои тој се декларирал како Бугарин. Но, постојат и документи во кои Гоце Делчев зборува за Македонци, за Македонки, за држава Македонија. Овој спор ќе се реши само ако се напуштат тврдите ставови. Треба да го чествуваме заеднички и да се земат предвид двете перцепции, истакна професорот Ѓоргиев.

Тој очекува Комисијата наскоро да продолжи со работа и најави дека македонскиот тим ќе се сретне со бугарските колеги на крајот на септември или почетокот на октомври.

Ѓоргиев објасни дека работата на Комисијата била прекината поради тензијата што се јавила по декларациите усвоени во бугарскиот Парламент и од БАН, со кои се негира македонскиот јазик. Тој потенцира дека прашањето за македонскиот јазик не смее да се отвора и тоа не треба да биде предмет на расправа на Комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот