Гордана Јанкулоска доби викенд отсуство од „Идризово”

Пет жени затворенички во „Идризово”, меѓу кои и Гордана Јанкулоска добија викенд отсуство откако стапи на сила измената на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи.

Погодностите се користат по потреба, на барање на затвореничките и досега е одобрено за пет жени, меѓу кои и за Гордана Јанкулоска.

Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски за МИА изјавил дека привилегиите ги користат по потреба.

-Одобрен е викенд за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба, на нивно барање – вели Јовановски.

Откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“, тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.  Со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување, донесен од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, затвореничките ги добија истите погодности како и машките затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот