Ѓорческа се враќа со трофеј од Минск

facebook.com/lina.gjorceska

Ѓорческа во двојки заедно со Русинката Анастасија Комардина во големото финале со 6:7, 6:4, 10:8 беа подобри од вторите носителки, Белорусинките Илона Кремен и Ирина Шиманович.

На патот до финалето најпрвин во првото коло Ѓорческа и Комардина ги елиминираа четвртите носителки Анастасија Прибилова (Русија) и Шалимар Талби (Белорусија) со 6:3 и 6:2.

tennis.by

Во четвртфинале уште поубедливо со 6:0 и 6:4 беа подобри од Полина Лејкина (Русија) и Катсиарина Скачкова (Белорусија).

Во полуфиналната борба со 2:0 по сетови 6:4 и 6:0 славеа против првите носителки Амина Аншба (Русија) и Анастасиа Детуиц (Чешка).

Ѓорческа настапи и на главниот турнир (25.000 долари) во поединечна конкуренција, но таму беше поразена уште во првото коло од молдавската квалификантка Александра Перпер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот