ФОТО | Големи семејства кои практикувале инцест

Царот Алексеј Николаевич од Русија
Еден од најпознатите примери на кралското родосквернавење е хемофилијата на царскиот син Алексеј, која ја наследил од неговата мајка, внука на кралицата Викторија. Татко му бил Никола, последниот руски цар, а целото негово семејство е убиено во револуцијата во 1918 година.
Се верува дека лудиот свештеник Распутин е еден од главните виновници за револуцијата. Царот го довел на дворот за да ја излечи хемофилијата на Алексеј и откако стекнал контрола врз целото семејство, тој почнал да дели и политички мислења и совети. Тоа резултирало со разбеснување на јавноста и се смета за една од причините за почеток на револуцијата.

Принцезата Викторија Мелита
Уште еден познат пример за деца настанати при инцест е поврзан со кралицата Викторија. Тоа е нејзината правнука, принцезата Викторија Мелита која се омажила за двајца нејзини први братучеди.
Прво се омажила за Ернест Луис, надвојвода од Хесе, со кого добила едно мртвороденче, а подоцна и ќерка, но бракот бил осуден на пропаст од самиот почеток и конечно се распаднал кога Мелита го фатила сопругот во кревет со неговиот слуга, што резултирало со оглромен скандал. Потоа тие и официјано се разделиле, а Мелита се омажила за нејзината прва љубов и првиот братучед од страна на мајка ѝ, Кирил Владимирович.

Родосквернавење кај египетските владетели
Многу години пред владеењето на кралицата Викторија, членовите на египетските владејачки семејства склопувале бракови меѓу блиски роднини. Тоа не само што не се сметало за нешто лошо, туку од нив и се очекувало да се венчаваат со членови на потесното семејство. Грците го опишале овој феномен со терминот „филаделфои“ како објаснување за оние кои се венчале со сопствениот брат или сестра.
Египетските семејства најчесто практикувале инцест во кој браќа се женеле со сестри, како и инцест во кој маж се женел со девојка чии родители биле негови брат и сестра. Се сметало дека тоа ќе ја одржи чиста кралската лоза, што потекнува од митологијата за богот Озирис кој се оженил со неговата сестра Изида.

Кралот Тут и Клеопатра
Еден од напознатите плодови на родосквернавење е кралот Тутанкамон, чии родители биле брат и сестра. Тутанкамон имал голем расцеп на непцето и проблеми со стапалата во кои му недостасувале по неколку коски.
И Клеопатра исто така била производ на инцест, а подоцна и самата се омажила за нејзините двајца браќа. Дебелината била честа појава во семејството на Клеопатра, како и екстремното насилство. Така всушност Клеопатра стигнала до престолот – убивајќи ги нејзините двајца браќа.

Нахиенена од Хаваи
На изолираниот остров Хаваи некогаш владеела моќна монархија која не само што практикувала инцест, туку и го сметала за привилегија во која можеле да уживаат само владетелите. Еден од најпознатите примери од тој регион е принцезата Нахиенена која била во романтична врска со нејзиниот брат за време на целото нејзино детство.
Во тој период на островот дошле христијански мисионери кои ја убедиле принцезата да се омажи со друг.
И покрај тоа што ги послушала, Нахиенена и нејзиниот брат ја одржале љубовната врска цел живот и тоа пред очите на целата јавност.

Елизабета од Австрија
Во нејзиното семејство била честа појавата на родосквернавење поврзано со ментални пореметувања. Всушност, таа верувала дека целата нејзина лоза е проколната со лудило. Нејзината мајка, која била во брак со нејзиниот братучед, била едно од тринаесетте деца на принцот Максимилијан од Баварија. Елизабета се омажила со Фрањо Јосип и имала катастрофален брак проткаен со епизоди на тешка психичка вознемиреност, опседнатост со тежината и исхраната, а на крајот доживеала и нервен слом.
