ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ВО ИРАК: Осум лица загинати, над 50 повредени

Фото: Профимедиа

Во антивладините протести во Багдад денеска загинаа пет лица, а десетици се повредени, додека во јужниот град Насирија загинаа три лица, а повеќе од 40 беа повредени.

Висок ирачки функционер во безбедносните служби изјави дека демонстрантите во Багдад биле убиени кога безбедносните сили пукале со борбена муниција за да ги растераат.

Тој рече дека полицијата употребила и солзавец и гумени куршуми против демонстрантите кои протестираат поради лошите услови за живот во Ирак.

До насилство во Насирија дојде откако ирачката шиитска милитантна група Асаиб Ал ал-Хак отвори оган врз група демонстранти кои се обиделе да влезат во нејзината локална канцеларија.

Во исто време, во јужниот град Амара повредени се најмалку 18 лица кога демонстрантите се обиделе да влезат во канцелариите на локалната милиција.

Протестите против корупцијата, невработеноста и недостигот на основни услуги, кои избувнаа на почетокот на месецот, станаа насилни откако безбедносните сили почнаа со употреба на борбена муниција.

После една недела насилство во ирачкиот главен град и јужните делови на земјата, со владина истрага е утврдено дека безбедносните сили користеле прекумерна сила, убиле 149 лица, а повредени се повеќе од 3.000 луѓе. Убиени се и осум припадници на безбедносните сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот