Големи амбиции на првиот турски производител на автомобили

Производство на автомобили во Турција/ Фото AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Гурџан Каракаш, директор на првиот турски производител на автомобили Тог, зборуваше за амбициозните цели на оваа компанија чии возила ќе почнат да се продаваат следната година. Масовното производство на првите примероци на моделот на Тог, електричен СУВ, започна минатиот месец и треба да биде завршено во првиот квартал на 2023 година.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходно изјави дека земјата на тој начин се приближува кон исполнување на долгиот сон, а тоа е да се има домашна марка на автомобили. Каракаш истакна дека се работи за технолошки напредно возило чија цена ќе биде позната во февруари следната година.

„Тог ќе има конкурентна цена во својата класа, која исто така важи и за возилата што имаат мотор со внатрешно согорување. Нарачките ќе бидат прифатени од февруари 2023 година“, изјави тој за новинарите во фабриката на Тог во регионот Бурса, северозападна Турција. Тој најави дека првите примероци ќе бидат на пат од март. Возилото е произведено од конзорциум од пет турски компании, кој се нарекува Турската автомобилска групација иницијатива (TОГГ). Togg ќе создаде и мрежа на станици за полнење возила во Турција, а мрежата ќе се состои од повеќе од 1.000 станици, пишува Дејли Сабах, пренесува порталот Кликс ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот