Ѓоковиќ ја откри најголемата желба во 2020 година!

Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјави дека Олимписките игри се главна причина зошто одбран да дебитира на турнирот во Токио, каде што ќе го нападне олимпиското злато наредната 2020 година.

Ѓоковиќ со два триумфи се пласираше во четвртфиналето на турнирот од „серијата 500“ и нареден ривал му е францускиот тенисер Лука Пуј.

– Златото е без сомнение една од моите најголеми желби за наредната сезона – рече Ѓоковиќ во Токио, а пренесува специјализираниот тениски портал „Лајв тенис“.

Планот на Србинот да дојде во престолнината на Јапонија е да се аклиматизира на условите и терените за Олимписките игри 2020.

– Се надевам дека ќе успеам да направам чекор напред во Токио. Сеуште се чувствувам со младо тело и дух. Мотивиран сум и понатаму да остварувам одлични резултати на теренот – вели Ѓоковиќ.

Досег трипати учествувал на на најголемиот спортски настан, на игрите во Пекинг 2008 го освои бронзениот медал, потоа во Лондон 2012 остана без медал откако во борбата за третото место загуби од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, а од истиот играч беше елиминиран изненадувачки и на игрите во Рио де Жанеиро 2016.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот