Гоца Тржан со длабока тага прозборе за смртта на Тоше: Не можев да одам на погреб, имав мало бебе, тоа беше голем стрес за мене

Instagram
принтскрин / insta

Нашиот Тоше Проески трагично загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година, а неговата пријателка и соработничка, српската пејачка Гоца Тржан искрено и со длабока тага се присети на болната загуба.

Гоца се присети на нивната соработка на песната „1200 милји“, а потоа и на моментот кога дознала за несреќата во која животот го загуби нашиот Тоше Проески.

Пејачката во емисијата „Премиера викенд специјал“ раскажа дека за смртта на Тоше дознала од пријателка кој ѝ рекла дека видела видео од местото на настанот.

Тогаш штотуку родив. Лена имаше два, три месеци. Ми се јави пријателка од Загреб со плачење. Ме праша: „Дали е вистина дека Тоше починал?“… Ѝ реков: „Не тропај глупости, како тоа починал?!“. Таа ми кажа дека е вистина, го видела видеото како го извлекуваат од под камионот во близина на Градишка. За жал, тогаш не можев да одам на погреб затоа што имав мало бебе, тоа беше голем стрес за мене“, се присети Гоца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan)

Никогаш нема да заборавам дека отидов во македонската амбасада да се потпишам во книгата на жалост. После неколку години работев во Прилеп и спиевме во неговиот роден град. Тогаш отидов во Музејот и на неговиот гроб. Некако се збогувавме ние двајца. Имав голема привилегија кога ја пеев песната „1200 милји“ со него. Затоа мислам дека луѓето кои биле толку сакани и талентирани никогаш не умираат“, заклучи таа, пренесува „SD“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот