Го обелоденила ПРОФИЛОТ од кој на ќерка ѝ ѝ се праќани ВУЛГАРНИ слики – Слободен печат
ВестиРегион

Го обелоденила ПРОФИЛОТ од кој на ќерка ѝ ѝ се праќани ВУЛГАРНИ слики

На својот фејсбук-профил го објавила профилот и фотографијата на лицето кое го вознемирувало нејзиното дете.

Белграѓанката Горица Лукиќ Петровиќ, во инбоксот на Фејсбук на нејзиното дете затекнала непристојна фотографија од постар маж.

Таа го обелоденила профилот од кој на нејзината ќерка ѝ е пратена вулгарната фотографија и јавно ја повикала полицијата да реагира и нејзината ќерка да ја заштити од постариот маж, кој на девојчето му пратил гола фотографија во инбокс на фејсбук-профилот.

Facebook

Петровиќ е згрозена и го повикала министерот да реагира и јавно на својот фејсбук-профил го објавила профилот и фотографијата на лицето кое го вознемирувало нејзиното дете, пренесува Србија данас.

Видно вознемирена, иако вулгарните делови од фотографијата се замаглени, таа им се извинува на сите кои биле сведоци на непријатностите низ кои минува заедно со својата ќерка, но и поради „грдата слика“ и за псовките кои ги напишала во афект.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close