Глорија Греам: Ги заведе таткото и синот, па и на двајцата им роди дете

Фото: Film Stills/Profimedia

Скандалозниот љубовен живот на славната актерка Глорија Греам беше премногу дури и за Холивуд.

Во 40-тите и 50-тите години на минатиот век, Глорија Греам беше една од најпознатите актерки во Холивуд, па дури доби и Оскар за најдобра споредна улога во филмот „City of Illusions“. Сепак, по мјузиклот „Oklahoma!“ од 1955 година, таа не постигна друга значајна филмска улога.

Нејзиниот пат до славата беше исполнет со скандали, најмногу поради приватниот живот во кој за 15 години „протрча“ низ четири брака и имаше бројни хируршки зафати во обид да го задржи својот младешки изглед.

Таа беше во брак со режисерот Николас Реј, а потоа и со неговиот син Тони Реј, со кои имаше деца. Уште поскандалозно, кога за прв пат го завела својот посинок, тој имал 13 години. Се шпекулираше дека сопругот ги фатил на дело.

Фото: Image Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Интересно, по Николас Реј, актерката Греам имаше уште два брака. Прво се омажи за извесен Сај Хауард, а потоа „малиот“ Ентони. Нивниот брак траел 14 години. Последните години од животот ги поминала во болница во Лондон каде за неа редовно се грижеле родителите на нејзиниот последен љубовник Питер Тарнер. Токму тој се обиде да му го претстави на светот другото лице на Глорија Греам, па во своите мемоари ја претстави како вистинска филмска ѕвезда и исклучителна жена. Кога се сретнале, разликата меѓу нив била огромна. Таа имаше 55, а тој 26 години.

Глорија почина во Њујорк на 5 октомври 1981 година од рак на дојка. Иако цел живот уживала во богатство, на крајот останала без ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот