Ѓуроски: Мечевите во Талин ќе бидат од големо значење за она што следува понатаму

фото: kfsm.mk

Стојан Ѓуроски веќе е еден од најискусните во ростерот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација.

Ѓуроски е свесен дека пред него и соиграчите се јавува еден нов предизвик кој со себе го носи играњето во претквалификациите за настап на Олимписките Игри во Париз.

– Ни претстојат тешки натпревари бидејќи за противници имаме три исклучително силни репрезентации. Дуелите ќе бидат од големо значење за нас за она што следува натаму – квалификациите за Европското првенство и мислам дека ова ќе биде добра подготовка и треба да се претставиме во најдобро светло – вели крилото на „црвено-жолтите“ по првиот одработен тренинг од подготовките во Скопје.

Ѓуроски верува во тимот кој ќе биде дел од овој репрезентативен циклус, а во кој од 12 до 15 август, во Талин, нè чекаат натпревари со селекциите на Израел, Чешка и домаќинот на собирот – Естонија.

– Верувам дека можеме добро да се подготвиме и да го покажеме целиот наш потенцијал на турниот во Талин – рече Ѓуроски.

Познат распоредот на македонските кошаркари во претквалификациите за ЛОИ 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот