Ѓукановиќ прима наредби од шверцери на цигари, некои продаваат и кокаин, обвини црногорскиот премиер Абазовиќ

Foto -EPA

На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на Парламентот на Црна Гора, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ги обвини министрите и претседателот Мило Ѓукановиќ дека се под покровителство на шверцери на цигари, објави ХРТ. Абазовиќ рече дека во Црна Гора има три клана кои се занимаваат со шверц на цигари и дека еден од нив е покровител на партијата на претседателот Ѓукановиќ.

– Во Црна Гора има три клана кои шверцуваат цигари. И затоа сите напади од почетокот се само да бидам обвинет, наводно, дека имам врска со шверц на цигари. Шверцот на цигари во Црна Гора е од Убовиќ и Зоран Лазовиќ. Тие шверцуваат и кокаин и ја финансираат кампањата за изборите во Подгорица, изјави техничкиот премиер Дритан Абазовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот