Ѓорѓиев: Мора да се вратиме на победничкиот пат, Албанија ни е позната репрезентација

Македонија против Албанија атакува на вториот триумф во Евроската сребрена лига/Фото: Одбојкарска федерација на Македонија/facebook

Пред третиот натпревар во Европската сребрена лига против Албанија, селекторот Ратко Павличевиќ најверојатно не може да смета на првото либеро Костадин Ричлиев кој се повреди во почетниот сет од маратонскиот меч во саботата против Романија. Првичната дијагноза на повреденото рамо посочува дека нашиот селектор треба да бара ново решение.

Ангел Бошков го презеде товарот на гостувањето во Галаци во саботата, но за постабилен прием и за подобра одбрана в поле, на дебитантот во „црвено-жолтиот дрес“ ќе му биде потребна помош од некој од поискусните. Васе Михаилов се наметнува за логично решение иако постои опција и Ричлиев да се најде во тимот за претстојниот двомеч со Албанија.

– По несреќниот пораз од Романија, мора да се вратиме на победнички пат. Албанија ни е доста позната репрезентација, игравме две контролни средби со нив во Маврово, еднаш победивме, еднаш загубивме. Мислам дека треба да внимаваме на двајца играчи, на коректорот Ќафарена и на примачот Бакири кои ја прават разликата. Со добра подготовка ќе ги запреме и се надевам дека повторно ќе имаме убава атмосфера во екипата и дека ќе се радуваме на триумф – вели техничарот на македонската селекција, Ѓорѓи Ѓорѓиев.

Откако ја совладавме Босна и Херцеговина во три сета, а освоивме бод со поразот 3:2 кај главниот фаворит Романија, против Албанија в среда во Скопје (20.15 часот) очекуваме продолжување на успешната серија од четири победи во четири меѓусебни пресметки во Европската лига.

Потоа следува гостувањето во Тирана пред домашното соочување со Романија, се надеваме решавачко за првото место во групата во нашето седмо учество во континенталното натпреварување. Овој пат размислуваме само за раст на играчката форма со секој тренинг и меч, а не за конечната цел. Иако таа се подразбира со оглед на историјата на македонската одбојка во оваа конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот