Ѓорческа триумфира на турнирот во двојки во Грузија

Лина Ѓорческа не се закити со трофеј во Ираклион/фото: приватна архива

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја потврди добрата форма во која се наоѓа и заедно со нејзината партнерска во игра на двојки, Валерија Страхава триумфираа на фјучерсот кој се игра во Грузија.

Ѓорческа и Страхава во финалето ја совладаа аргентинско-италијанската комбинација, Викторија Босио- Анџелика Моратели со 4:6,6:4,10:5.

Противничките подобро го отворија го отворија и го освоија првиот сет со 4:6, но Ѓорческа и Страхава со иста мерка возвратија во вториот сет и дојдоа до израмнување на 1:1 во сетови. Последниот сет им припадна на Ѓорческа и Страхава кои доминираа на тенискиот терен и први дојдоа до 10 поени, шпо значеше освојување на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот