Гир: За да се променат нештата во државата, треба политичките интереси да се стават настрана

Дејвид Гир - ЕУ амбасадор во РМ / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

За да се променат нештата, треба политичките интереси да се стават настрана, а фокусот да биде на националните интереси, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на форумот „ЕУРОПЕУМ 2023 – 20 години од Самитот во Солум: патот пред нас“.

– Во тој контекст прашањето за уставни измени, што е суверена одлука на оваа земја, е важен чекор што треба да се преземе, што автоматски ќе води до втората меѓувладина конференција, вели Гир.

Според него, многу е важно да има отворена дебата за оваа прашање и кои се интересите на земјата.

Ги повика политичките партии да ги надминат поделбите и да се обединат околу прашањето за влез во ЕУ и да го направат национален проект.

Гир се наврати и на самитот во Солун пред 20 години кога Унијата имаше само 15 земји-членки. Посочи дека од тогаш до денес има постигнато огромен напредок во Западен Балкан.

Во изминатите 20 години пристапувањето на земјата во ЕУ беше блокирано како резултат на три вета, посочи Гир, со што кредибилитетот на ЕУ беше сериозно нарушен и разбирливо е што луѓето се фрустрирани.

Но, исто така има и одговорности од страна на партнерите во регионот. ЕУ не е главен одговорен за нивните неуспеси во спроведување на реформите, но и за прашања како борбата против корупцијата и владеењето на правото, вели евроамбасадорот. Не треба да се негира напредокот, но исто така треба да се разговара и за одговорноста.

Повтори дека проширувањето на Унијата е во нејзин интерес бидејќи таа има потреба од безбедност, стабилност, просперитет и демократски развој.

Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, клучната порака е дека Западен Балкан може да стане дел од Европската Унија, но само доколку бидат вложени големи напори за постигнување на европските стандарди, демократијата и човековите права.

– Треба да бидеме доволно искрени, не само критични, и да кажеме дека темата регионална соработка и билатерални прашања меѓу државите од Западен Балкан со државите членки на ЕУ се предизвик 20 години до ден денес. Проблемот е што веројатно не доволно сериозно и искрено тогаш пред 20 години сме пристапиле кон овие предизвици, се додека не дораснале до мерка на блокади или до ниво на вето, додаде вицепремиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот