Ги заменија улогите: Најсексапилната скијачка го запроси момчето

твитер

Се очекува венчанката помеѓу најсексапилната скијачка и Субан да се одржи во август идната година.

„Среќен Божиќ и среќни празници. На нашата втора годишнина, го запросив Пи Кеј иго прашав дали сака да се ожени за мене. Ми одговори позитивно. Не мораат само жените да добиваат прстени“, напиша Линдзи Вон на својот Твитер профил.


Линдзи Вон минатата година одлучи да се повлече од скијањето откако оствари 82 победи на трките во Светскиот куп и притоа ги освои сите медали од големите натпреварувања. Таа има 11 медали од Олиписките игри и Светските првенства.

Нејзиното момче Пи Кеј Субан ова лето од Нешвил премина во Њу Џерси со кого потпиша договор до 2022 година. Тој за „ѓаволите“ игра за годишна плата од девет милиони долара со што е третиот најплатен бек во НХЛ лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот