Гевгеличанец се обидел да шверцува близу 400 штеки цигари од Грција

Фото: МВР

Полицијата вчера на граничниот премин Богородица го привела Н.М од Гевгелија кој се обидел да шверцува 387 штеки цигари и 1250 грама тутун.

„Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија.При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација“, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот