Германските аеродроми се соочуваат со проблеми поради недостиг на персонал

Аеодромот во Франкфурт, пристигнаа авионите кои евакуираат Авганистанци во Германија/ Фото: EPA-EFE/Daniel Irungu

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг апелираше на проблемот со недостиг на кадар во туризмот и транспортната индустрија за време на празничната сезона, јавуваат медиумите во Германија.

„Овде, два аспекта негативно влијаат на развојот на ситуацијата: голем број луѓе кои конечно сакаат да се одморат по пандемијата и истовремен недостиг на кадар во туристичката и транспортната индустрија, кој изгуби голем број вработени во последно време и последните години“, изјави Висинг за Bild am Sonntag.

Недостигот од персонал е особено видлив во авиосообраќајот, каде во пресрет на празниците имаше огромни гужви и доцнења на германските аеродроми.

„Едноставно недостасува персонал во сите сектори: од контрола на патниците, преку товарење багаж до персонал во кабината“, рече Висинг.

Тој објасни колкумина во индустријата барале други работни места за време на пандемиската криза.

Визинг смета дека има 20 проценти помалку работници во споредба со времето пред пандемијата на коронавирус.

Визинг побара покренување иницијатива за стекнување на квалификувана работна сила и модернизација на инфраструктурата.

Синдикатите на аеродромци проценуваат дека моменталниот недостиг од околу 5.500 работници.

Проблемот е, како што се наведува, што поради долготрајните безбедносни проверки на работниците кои се вработени на аеродромите, не може за краток временски период да се вработат поголем број работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот