Германски власти ќе истражуваат случај со труење на руска новинарка

Новинари илустрација/ Фото: Mihajlo Maricic / Panthermedia / Profimedia

Германските власти истражуваат можен напад со труење во Минхен минатата есен врз руска дисидентка, новинарка која пишувала критички написи за инвазијата на нејзината земја во Украина, потврди берлинскиот обвинител.

Во написот објавен со рускиот медиум „Медуза“ и американското издание „н+1“, новинарката Елена Костјученко рекла дека била информирана од извор од украинското воено извидување минатиот март за руските планови да ја убијат, пишува Гардијан.

Костјученко, која во тоа време известувала за сега затворениот независен весник „Новаја Газета“ од близина на Мариупол, Украина, пред да побегне во Берлин.

На 17 октомври, новинарката отпатувала во Минхен за да аплицира за украинска виза за да продолжи да ја покрива војната за „Медуза“, независна веб-страница за вести со седиште во Рига, Латвија.

На нејзиното враќање со воз за Берлин, таа почнала да чувствува симптоми на труење, вклучувајќи силни главоболки, слабост, отежнато дишење и гадење.

„Потта ми мирисаше силно и чудно, како расипано овошје“, рече Костјученко во својата статија. Подоцна доживеала отекување на лицето, прстите на рацете и нозете.

Медицинските тестови спроведени 10 дена по нејзините први симптоми покажале покачени ензими на црниот дроб пет пати повисоки од нормалното, како и крв во урината.

Костјученко вели дека подоцна била испрашувана од германски висок детектив кој ја водел истрагата за убиството на Зелимхан Кангошвили, чеченски егзил, убиен од руски атентатор во парк во центарот на Берлин во 2019 година.

„Можам да потврдам дека берлинскиот обвинител води истрага против непознат сторител“, рече портпаролот.

Откако истрагата била првично затворена во мај оваа година поради недостиг на докази за обид за отров, велат тие, таа била повторно отворена во јули. Одлуката за повторно отворање на истрагата се должи на „понатамошни разгледувања“ на околностите, а не на новооткриени докази.

Костјученко добила награди за нејзиното известување за масакрот во Жанаозен во 2011 година, каде што најмалку 14 демонстранти биле убиени од полицијата во нафтен град во западен Казахстан.

Како нејзина инспирација да влезе во новинарството, таа ја навела починатата руска новинарка и активистка за човекови права на „Новаја Газета“, Ана Политковскаја, која била отруена во 2004 година, а застрелана во 2006 година.

Комитетот за заштита на новинарите, невладина организација со седиште во Њујорк, ги повика германските власти транспарентно да ги истражат наводите на Костјоченко. Исто така, ги повика властите во Грузија да ги истражат извештаите за обид за труење на новинарката на руското радио Ирина Баблојан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот