Германски министер предлага законско право на работа од дома

Unsplash
Фото: Unsplash

Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека планира да предложи воведување законско право на работа од дома во случаи во кои тоа е изводливо, со што тоа би станало можно и откако ќе заврши пандемијата на коронавирусот.

Во изјава за весникот „Билд ам зонтаг”, тој рече дека таков закон сака да предложи на есен, и оти, според првичните проценки, за време на пандемијата процентот на луѓе кои работат од дома се зголемил од 12 на 25 отсто, со што сега работно се ангажирани вкупно околу осум милиони луѓе.

– Сите кои тоа го сакаат а работата им го дозволува тоа, би требало да бидат во можност да работат од дома, дури и кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот. За време на пандемијата, дознаваме колку работа во денешно време може да се заврши од дома, рече Хајл.

Социјалдемократската партија на Хајл, која е малцински партнер во владејачката коалиција што ја предводи канцеларката Ангела Меркел, уште во декември повика на воведување право на работа од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот