Германска помош во висина од 878.768 евра во борбата против корона пандемијата

Амбасадата на Германија денеска во Министерството за здравство предаде донација од 84 респираторни машини и 100 пулс оксиметри со вкупна вредност од 878.768 евра, во рамки на поддршката на Германија за земјите од Западен Балкан.

Амбасадата соопшти дека донацијата се реализираше благодарение на одличната соработка меѓу владите на Германија и Северна Македонија и во партнерство со канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.

– Секаде во Европа се справуваме со корона-пандемијата, а притоа европската солидарност е од големо значење. Сè додека не се безбедни сите, не е безбеден никој од нас. Од тие причини, Германија ја поддржува Република Северна Македонија во борбата со корона-пандемијата, информира Германската амбасада. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот