Гери Невил го критикуваше Ливерпул: Што треба да значи „користење достапни опции“ и „спортски интегритет“?

Фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Главна тема на Островот по натпреварите викендов е ситуацијата од натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул во која беше поништен регуларен гол на „црвените“.

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Диаз во првото полувреме ја погоди мрежата на Тотенхем при што беше досуден офдајд, иако не постоеше. Оваа ситуација предизвика бурни реакции, се огласи Клоп, а официјално соопштение објави и Ливерпул.

Судиите јавно се извинија на Ливерпул, меѓутоа пораката од „Енфилд“ беше дека тие немаат никаква корист од тоа извинување.

„Клоп реагираше добро во тие моменти покрај теренот, но Ливерпул направи грешка. Нивното соопштение е погрешно. Што треба да значи ‘користење достапни опции’ и ‘спортски интегритет’? Тоа се опасни и непотребни фрази“, изјави Невил.

 

https://www.slobodenpecat.mk/klop-nikogash-ne-sum-videl-tolku-mnogu-nefer-sudiski-odluki/

ВИДЕО | Хет-трик на Воткинс, Астон Вила со „шестка“ за Брајтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот