ВИДЕО | Хет-трик на Воткинс, Астон Вила со „шестка“ за Брајтон

Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Фудбалерите на Астон Вила славеа убедлива победа од 6:1 против сезонава одличниот Брајтон.

Брајтон игра одлично од почетокот на сезоната, но денес Унаи Емери целосно го надигра својот колега на спротивната страна, Роберто Де Зерби. Резултатот беше отворен по само 14 минути игра кога Матија Кеш го пронајде Воткинс кој го постигна својот прв гол од денешните три.

Само седум минута подоцна Воткинс донесе водство од 2:0, а до крајот на првиот дел видовме и автогол на Еступинан. Со предност од 3:0 Астон Вила замина на паузата.

На стартот од вториот дел, Де Зерби реагираше и ги замени Велбек, Фергусон и Еступинан со Жоао Педро, Ансу Фати и Тарик Лампти. Гол за мала надеж за Брајтон постигна токму Фати, но набрзо Астон Вила постигна и четврти гол со хет-трикот на Воткинс и тука гостите веќе се откажаа. До крајот Рамзи и Даглас Луиз погодуваа за конечни 6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот