ВИДЕО | Ливерпул бара реакција: Извинувањето и објаснувањето како „човечка грешка“ не е доволно

Фото: Screenshot

Во седмото коло од Премиер лигата кое се играше овој викенд видовме скандалозна грешка во која на Ливерпул му беше поништен регуларен гол во дербито против Тотенхем.

Судиската комисија по натпреварот се огласи и ја призна грешката, но извинувањето за Ливерпул не е доволно.

„Фудбалскиот клуб Ливерпул го цени признанието на PGMOL за нивните неуспеси. Јасно е дека не дојде до правилна примена на правилата на играта со што се наруши спортскиот интегритет. Во потполност ги прифаќаме притисоците под кои работат службените лица, но тие притисоци треба да се ублажат, а не да станат полоши со примената и постоењето на ВАР.

Затоа е недозволиво на судиите да не им биде дозволено доволно време да се овозможи носење на исправни одлуки и да нема дополнителна интервенција. И овие пропусти да бидат категоризирани како „значајна човечка грешка“ исто така е неприфатливо. Било кои и сите исходи треба да се утврдат само со преглед и во целосна транспарентност. Ќе го истражиме опсегот на достапни опции со оглед на јасната потреба за ескалација и решение“, стои во соопштението од „црвените“.

Исто така Премиер лигата на неодредено време ги суспендираше ВАР судиите Дарен Ингалaнд и Ден Кук.

ВИДЕО | Хет-трик на Воткинс, Астон Вила со „шестка“ за Брајтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот