Скандалот во Англија доби епилог: Премиер лигата донесе одлука

Дерби натпреварот од седмото коло од фудбалската Премиер лига меѓу Тотенхем и Ливерпул донесе многу драма. Покрај тежината на мечот, причина за ова се и контроверзните судиски одлуки.
Здружението на судии и официјални лица на Премиер лигата потврди дека Ливерпул е оштетен на овој натпревар.
Потсетуваме, на овој тим му беше поништен гол, кој беше регуларен, по интервенција на судијата од ВАР собата.
Еден ден подоцна, судијата кој беше во ВАР-собата, Дарен Ингланд, беше отстранет од списокот за следниот меч што требаше да го суди, меѓу Нотингем форест и Брентфорд. Ингланд требаше да биде четврти судија на овој натпревар.
Помошник на Ингланд во ВАР-собата на мечот во Лондон беше Ден Кук, кој требаше да биде асистент во ВАР-собата на мечот меѓу Фулам и Челси, исто така е остранет од листата на судии на тој меч.
ВИДЕО | Хет-трик на Воткинс, Астон Вила со „шестка“ за Брајтон