Газдите ќе добијат казни доколку не исплатат К-15

Сите оние кои работат во приватни компани до крајот на 2019 година, според закон мора да добијат регрес за годишен одмор, доколку тоа не се случи следуваат казни за работодавачите.

Компаниите имаат рок до 31 декември 2019 година за исплата на К-15, во спротивно следува казна од 2.000 до 3.000 евра која би ја платило правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

Но и покрај тоа што се донесени сериозни парични казни, дел од газдите си поигруваат со исплатата. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш.

Луѓето се плашат за своето работно место, па често пати го прифаќаат и ваквиот услов.

Според пресметките, годинава К-15 ќе изнесува, почнувајќи од минимални 9.610 денари до 14.090 денари.

За оние кои не се запознаени, пресметката за К-15 се прави според 40 отсто од износот на просечната нето плата исплатена во последното тромесечје поточно 40 отсто од износот на просечната бруто плата во тримесечниот период.

Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005 и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014.

Но за еден вработен во приватна фирма да може да добие регрес за годишен одмор или К-15 мора да исполнува неколку услови. Потребно е вработениот да бил на служба во фирмата најмалку шест месеци во календарската година за која ја добива исплатата..

Право на К-15 има секој вработен еднаш во годината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот