Газдата на Манчестер Јунајтед: Не е паметно да се купи Мбапе. Секој може да го види тоа

EPA-EFE/Juan Herrero

Според првиот човек на премиерлигашот попаметно е да се пронајде идниот Мбапе отколку да се купи „оригиналот“ за гопеми пари, што шпанскиот медиум Марка го толкува како предупредување за Реал Мадрид

Сер Џим Ретклиф, кој стана најголемиот акционер на Манчестер Јунајтед откако купи 25 отсто од акциите во декември 2023 година, ја сподели трансфер стратегијата на „црвените ѓаволи“ за следните години.

Иднината на Манчестер Јунајтед нема да вклучува трошење големи суми пари на големи ѕвезди.

– Решението не е да се трошат многу пари на неколку големи играчи. Повеќе би сакал да се обидам да го потпишам следниот Килијан Мбапе, наместо да потрошам богатство обидувајќи се да купам успех… Не е толку паметно да се купи Мбапе. Секој може да го види тоа – вели Ретклиф.

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Јунајтед последниве 10 години (од заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2003 година) потроши една милијарда евра на „големи“ потписи.

– Многу е потешко да се пронајде следниот Мбапе, Белингам или Рој Кин – истакна Ретклиф.

Според шпанска Марка, сопственикот на Јунајтед со ваква изјава го предупредува првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Познато е дека Мбапе следното лето ќе му се придружи на Реал Мадрид. Французинот треба да потпише петгодишен договор со Реал, заработувајќи 15 милиони евра по сезона, плус 150 милиони евра бонус за потпишувањето, а ќе има и процент од правата за употреба на неговиот лик.

Реал Мадрид добива одличен играч, неверојатна е статистиката на Мбапе во ЛШ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот