Реал Мадрид добива одличен играч, неверојатна е статистиката на Мбапе во ЛШ

фото: EPA-EFE/Juan Herrero

Килијан Мбапе продолжи да ги поместува границите во Лигата на шампионите. Францускиот фудбалер постигна два гола во победата на ПСЖ над Реал Сосиедад од 2:1 и го зголеми својот број на 46 гола во елитното натпреварување.

Тоа го става на 12 место на вечната листа на стрелци, со легендарните Еузебио и Пипо Инѕаги. Со овие два гола, Мбапе зад себе ги остави Мохамед Салах и Дидие Дрогба (по 44 гола), и Нејмар (43).

Следни кои Мбапе ги брка се Златан Ибрахимовиќ и Андриј Шевченко кои постигнаа по 48 гола, и со нови два погодоци наскоро ќе влезе и во топ 10.

Речиси нема сомнеж кога Мбапе ќе биде и дел од топ 5, бидејќи му требаат уште 25 гола, а пред него се најдобрите години во кариерата.

Пред него се и Тјери Анри со 50, Томас Милер со 54, Руд ван Нистелрој со 56, односно Раул кој е петти со 71.

За крај, има уште еден неверојатен податок кога станува збор за настапите на Мбапе во ЛШ – тој запиша 46 гола и 26 асистенции на 69 мечеви во ова натпреварување.

Реал Мадрид добива одличен играч кој ќе ги помести границите и историјата на фудбалот. И тренерот на ПСЖ Луис Енрике верува дека Мбапе нема да биде во клубот следната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот