Газдата на Челси во проблеми: Абрамович тајно вложувал во други играчи

EPA/KERIM OKTEN

Сопственикот на англискиот тим наскоро може да се најде на суд.

Телевизијата Би-Би-Си повикувајќи се на одделението за финансиски криминал на министерството за финансии на САД, ФинЦЕН, известува дека сопственикот на Челси тајно ги поседувал правата на фудбалери кои не се дел од неговиот клуб.

Според документите на ФинЦЕН, Абрамович стои зад оф-шор компанијата „Leiston Holdings“, чие седиште се наоѓа на Девствените острови и која учествувала во купување на фудбалери. Абрамовиќ има слична компанија која е регистрирана на Кипар.

Ова може да доведе со судир на интереси бидејќи компанијата поврзана со Абрамович, делумно поседувала права на фудбалери кои играле против Челси.

Еден од случаите кој се споменува е тој на фудбалерот на Спортинг Лисабон, Андреа Кариљо кој два пати играл против Челси во 2014 година, а неговите права ги поседувала компанијата на Абрамович,„Leiston Holdings“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот