Галевски: Том Круз и актерите од Боливуд главни ѕвезди во Кан

Влатко Галевски, филмски критичар/Фото: Слободен печат

Филмскиот критичар Влатко Галевски се осврна на 75. издание на Канскиот филмски фестивал, кој важи за најгламурозен меѓу сите филмски фестивали во Европа.

-Боливуд е најголемата компанија и со најголемо филмско производство од Индија, ги донесе најголемите свои ведети и ѕвезди ги донесе во Кан. Прв пат Боливуд се презентира на ваков фестивал. Во фокус на „Канскиот“ фестивал е индискиот филм, изјави во Утрински брифинг Владо Галевски, филмски критичар.

Како претставник на Холивуд во Кан пристигна ѕвездата на американските акциони филмови Том Круз.

-Годинава има едно жири кое достојно на својата работа. Неколку имиња се значајни. Треба д акажеме дека на овогодишниот фестивал е Том Круз. Тој доживаа овации на неговиот трибјут, што е неверојатно, додава Галевски.

Според класификацијата на Галевски Кан е најгламурозен, Берлин е најрадикален, Венеција е најромантичен филмски фестивал во Европа.

Целиот разговор и освртот на дел од учесниците на Канскиот филмски фестивар погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот