ФУДБАЛСКИОТ АС искеширал ОГРОМНА СУМА за свадбата на својата миленичка, а ЕВЕ КОЛКУ пари собрале младите како подарок

ана ивановиќ брат свадба
Принтскрин/Курир.рс

Манекенката Драгана Џајиќ, која е ќерка на фудбалерот Драган Џајиќ, се омажи за својот избраник Милош Ивановиќ, кој пак е брат на тенисерката Ана Ивановиќ.

Подарокот кој Ана го избра за својот брат е вила на Мајорка вредна 2 милиони евра, во близина на нејзината, за нивните деца заедно да растат.

Но, вистинскиот „трошаџија“ е токму таткото на невестата. Самата сала била луксузно украсена, а гостите седеле на луксузни столови. Драгана носела венчаница која самата ја дизајнирала, а по првиот танц, се пресоблекла во дизајн на Вера Вонг.

Цената по лице изнесувала 100 евра, а декорациите и облеката на младите чинела 25.000 евра. Според српските медиуми, целата свадба ја платил токму Драган Џајиќ.

На свадбата присуствувале 250 гости, а младите „искеширале“ најмалку 100.000 евра само од „подароци во пликоа“, а добивале и други луксузни подароци, меѓу кои и вредни уметнички слики.

На свадбата пееле српските ѕвезди Ана Кокиќ и Саша Матиќ. Специјална гостинка била пејачката Мерима Нјегомир, која открила дека пеела и на свадбата на Џајиќ со сопругата, а сега и за неговата ќерка.

Се жени братот на АНА ИВАНОВИЌ, а ОВА ПРАВИЛО ги вчудоневиди сите поканети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот