Фудбалер на Црвена звезда ги лажирал името и годините?!

epa08860289 Red Star's Guelor Kanga (L) in action against Hoffenheim's Florian Grillitsch (R) during the UEFA Europa League, group L match, between Red Star and Hoffenheim in Belgrade, Serbia, 03 December 2020. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Нов голем скандал со лажирање на идентитетот и годините на африканските фудбалери е на повидок откако медиумите во Конго објавија дека играчот на Црвена звезда, Гелор Канга, всушност е пет години постар и воопшто не се вика така.
Конгоанците објавија документ во кои пишува дека Канга не е роден 1990. туку 1985. година и дека воопшто не се вика така туку вистинското име му е Кијаку-Кијаки Кијанга.

Канга или Кијанга, наводно е роден во Киншаса (Конго), и на својата 17 или 22 година, се преселил во Габон. Тоа се случило во 2007 година, а веќе во 2012 година тој станал репрезентативец на Габон.
Во Конго тврдат дека не се поминати пет години од периодот кога Канга се преселил во Габон и со тоа не го исполнил условот на ФИФА за да може да игра за друга репрезентација.


Доколку се покажат како точни овие трвдења на медиумите во Конго, тогаш Габон ќе добие сериозна казна и ќе остане без настап на Африканскиот Куп на нации.
Фудбалската федерација на Габон ги отфрли овие тврдења како лажни и со една цел, да се дисквалификува Габон за да може Конго да го зазеде нивното место на Африканскиот Куп на нации. Во квалификациите за истото натпреварување, Габон со 3:0 го совлада Конго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот