Франција: Oколу педесет вооружени лица учествувале во тепачка во Сен Дени

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Неколку десетици лица се степале во Сен Дени (Сена-Сен Дени), во понеделникот вечерта околу 21 часот, објави денеска весникот Ле Фигаро, повикувајќи се на полициски извори. Тепачката се случила до трамвајската станица Сен Дени, лоцирана на линијата Т8, додека семејствата го чекале својот трамвај, јави дописникот на МИА.

Според информациите на Фигаро, во пресметката биле вклучени педесетина лица. Некои извори тврдат дека станува збор за пресметка на банди, „очигледно меѓу Египќаните и Алжирците”, без тоа да биде официјално потврдено.

Протагонистите се бореле со железни шипки и „долги стапови”, а некои дури биле и вооружени со штици со клинци. На социјалните мрежи се објавени слики на кои може да се види движења на толпата и напаѓачи кои ги бркаат своите противници.

Со оглед на овие сцени на паника, била распоредена полициска екипа за да се стави крај на тепачката. Еден од напаѓачите, со штица на која биле закачени клинци, е уапсен откако удрил во грбот на маж. При апсењето, поединецот се побунил и удрил полицаец.

Засега нема други апсења, но во тек е истрага за откривање на сторителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот