ФОТО+ВИДЕО | Тинејџерката која ја прегрна Меган Маркл откри што ѝ рекла војвотката

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Меган Маркл завчера во Виндзор додека беше во друштво на својот сопруг принцот Хари и принцезата и принцот од Велс, им се заблагодаруваше на почитувачите на кралицата Елизабета Втора, ѝ пријде на една тинејџерка и ја прегрна. Девојката за Си-ен-ен открила што ѝ рекла војвотката во текот на кратката средба.


Прегратката на Меган Маркл и тинејџерката беше една од многубројните трогателни сцени кои беа забележани надвор од замокот Виндзор, каде војвотката и војводата од Сасекс им се придружија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам за да ги разгледаат цвеќињата и пораките оставени во чест на кралицата.

Во текот на прошетката, која траела 40 минути, принцовите и нивните сопруги им се заблагодаруваа на насобраните, меѓу кои била и Амелка Зак (14). Пред таа да се прегрне со војвотката, тие кратко поразговарале.

Фото: Профимедиа

Девојката, која сè уште е во шок, открила дека сакала да и посака топло добредојде на Меган по „сè што се случило“.


„Сите некако ме бодреа и претпоставувам дека се почувствував дека треба да постапам, бидејќи на некој начин се угледувам на неа и тоа беше вистинската работа. И тоа беше добро, а само сакав да и покажам дека е добредојдена овде. И сакав да ја прегрнам по сè што се случи“, истакнала таа и порачала дека било убаво да се видат Кејт, Меган, Вилијам и Хари заедно.

Фото: Профимедиа

„Само ја чекавме да дојде, а таа ми пријаде и ме праша како се викам и како се чувствувам и колку долго чекав. Ја прашав дали можам да ја прегрнам, а таа ми возврати. Тоа беше мошне неверојатен момент. Се уште се тресам“, раскажала тинејџерката.

Кога тие заедно пред портите на замокот Виндзор, ја изненадија светската јавност, која последните две години, по Мегзит, ги следи нивните меѓусебни (ин)директни конфликти. Од Кенсингтонската палата објавија дека принцот Вилијам ги поканил брат му и снаата да му се придружат нему и на Кејт во овој важен и тежок момент.


Реченицата што ја изговорила девојката: „И беше добро, а јас само сакав да и покажам дека е добредојдена овде“ го поддржува ставот на многумина дека настан како што е смртта на кралицата Елизабета Втора е повеќе од оправдана причина за негативните и лошите коментари кои ја следат војвотката, а кои и ги упати голем дел од британската јавност, да ги остават настрана.


Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во Балморал, Шкотска, на 96-годишна возраст.

ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

Децата на Меган и Хари можат да ги користат титулите принц и принцеза

ФОТО | Вилијам и Хари повторно еден покрај друг: Кејт и Меган во црно од глава до пети

ВО ЖИВО: Вилијам, Кејт, Хари и Меган пристигнаа во Виндзор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот