ФОТО+ВИДЕО | Се „изеде“ од нервоза: Принцот Џорџ откри за кого навивал на Вимблдон

Фото: Профимедиа/EPA-EFE/TOLGA AKMEN/ EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Ниту ова финале на Вимблдон, на кое играа Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос, не помина без членовите на британското кралско семејство во кралската ложа. А, овој пат, на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам им се придружи и нивниот најстар син, осумгодишниот принц Џорџ, кој времето го кратеше на различни начини и, како и обично, стана вистински вирален хит.

Тоа беше неговиот прв официјален Вимблдон, но и можност во живо да го следи својот омилен тенисер, воедно овогодинешниот победник Новак Ѓоковиќ.

Облечен во елегантен темносин костум со вратоврска, Џорџ седеше помеѓу родителите, а потоа започна неговата урнебесна серија. Правеше смешни фаци, беше на моменти и нервозен, грицкање нокти, смеење, но и пиење пијалак, за на крајот да го стави и прстот во носот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝑪𝒉𝒊 (@chimagazineit)


Секако, сето тоа го снимија фотографите, а настанатите фотографии брзо се проширија низ целиот свет и благодарение на тоа принцот Џорџ повторно стана вирален хит. Овој пат, за разлика од јубилејот на кралицата каде што на неговиот помлад брат, принцот Луис, му беше досадно, нивната сестра, принцезата Шарлот не беше таму за да се погрижи за редот.

Фото: Профимедиа

Откако Ѓоковиќ победи во финалето, членовите на кралското семејство со него се сретнаа и на приемот организиран по мечот, а во таа прилика српскиот тенисер му го даде на принцот Џорџ својот пехар за да го разгледа, што принцот со воодушевување прифати, но откри и дека пехарот всушност е доста тежок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Family (@royal_family_history)

Пред финалниот натпревар помеѓу Ѓоковиќ и Кирјос, принцот Џорџ беше прашан кој сака да победи од двајцата тенисери, на што одговори: „Ѓоковиќ“, со што покажа дека омилен му е српскиот тенисер.

Седма титула за Новак Ѓоковиќ на Вимблдон

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот