ФОТО+ВИДЕО | Прогласени „зони на катастрофа“: Најмалку шестмина загинати во пожарите во Турција

Фото: EPA

Илјадници припадници на спасувачките служби веќе петти ден се обидуваат да ги изгаснат големите шумски пожари во Турција и да ги евакуираат туристите од летувалиштата.

Синоќа се евакуирани туристите од неколку места во егејскиот регион Бодрум и се одведени на безбедно место, додека денеска се евакуирани туристите од место во провинцијата Анталија.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли денеска изјави дека пет од сто пожари се уште се активни, а силниот ветер го отежнува нивното гаснење.

Турција уште од средата се бори со најголемите шумски пожари во изминатите неколку години, при што загинаа шест луѓе, а стотина се повредени.

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган вчера погодените подрачја ги прогласи за „зони на катастрофи” и вети дека ќе им биде надоместена штетата на граѓаните.

Турските власти почнаа истрага за причините за пожарите, при што не се исклучува дека се намерно подметнати,

Метеоролозите предвидуваат следните денови температурата да се искачи над 40 степени Целзиусови.

EPA-EFE/ERDEM SAHIN
EPA-EFE/ERDEM SAHIN
EPA-EFE/ERDEM SAHIN
EPA-EFE/ERDEM SAHIN
EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот