ФОТО+ВИДЕО | Принцот Луис повторно го украде шоуто: Слатки палавости на роденденот на дедо му, кралот Чарлс

Фото: Профимедиа

Принц Луис, најмалото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, повторно се најде во сите светски медиуми поради неговите палавости во текот на официјален кралски настан.

Петгодишниот принц вчера многу се забавуваше додека остатокот од кралското семејство ја следеше парадата во чест на кралот Чарлс Трети и обезбеди статус на ѕвезда на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На принцот Луис веќе му било здодевно во текот на возењето со кочијата и почнал со палавостите што кулминирало на балконот на палатата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Гримасите и гестикулациите на малиот принц повторно го освоија светот – танцување, мавтање, војнички поздрави…

Фото: Принтскрин/Инстаграм

На принцот Луис ова не му е првпат. Минатата година тој се налути на својата мајка Кејт која неуспешно се обидуваше да го смири во текот на прославата на јубилејот на кралицата Елизабета Втора. Целиот свет се забавуваше со слаткиот и немирен принц.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Принцот Луис ги насмеа сите со својот танц на крунисувањето на неговиот дедо

Започна четиридневната прослава: Кралицата Елизабета слави 70 години на британскиот трон

ФОТО+ВИДЕО | „Главна“: Принцезата Шарлот го опоменa својот помлад брат Луис и стана вирален хит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот