ФОТО+ВИДЕО | Мартија Станојковиќ се појави во провокативно издание и сите ги воодушеви

Фото: Instagram / martijastanojkovic

Младата поп-пејачка Мартија Станојковиќ сè уште важи за надежно име на македонската естрада. Таа ѝ стана позната на јавноста по нејзиното учество во регионалното музичко натпреварување за талентирани деца „Ѕвездичките на Пинк“. А, последниве години, сите ние ја сведочиме нејзината трансформација од преслатко девојче до млада, згодна и успешна пејачка.

Фото: Instagram / martijastanojkovic

Како и повеќето познати личности, така и Мартија често објавува фотографии на социјалната мрежа Инстаграм. Овој пат таа објави неколку фотографии од себе, во елегантно, но и провокативно издание кое многумина воодушеви.

Пејачката позираше во модна комбинација во бела боја, со широки панталони и елек кој го истакна нејзиното бујно деколте.

Фото: Instagram / martijastanojkovic

Мартија успеа со овој моден избор да ги освои симпатиите на многу нејзини следбеници и доби само позитивни коментари.

 

ФОТО+ВИДЕО | Музика, екстравагантна торта и гости од естрадата: Мартија Станојковиќ го прослави полнолетството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот