ФОТО+ВИДЕО: Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз во прегратка на својот татко по киднапирањето!

фото: принтскрин/twitter.com/AnythingLFC_

Колумбискиот фудбалер Луис Дијаз, и воедно играч на Ливерпул за првпат се сретна со својот татко Луис Мануел Дијаз.

Тоа беше нивниот прв контакт откако неговиот татко беше ослободен од Ослободителната национална армија (ЕЛН), откако го држеше како заложник 12 дена.

Киднапирана беше и мајката на фудбалерот, Силенис Маруланда, таа беше ослободена после неколку часа.

Водачот на ЕЛН го опиша киднапирањето на родителите на фудбалерот Дијаз како „грешка“, но инсистираше на тоа дека киднапирањата за откуп не се кршење на примирјето со колумбиската влада што беше потпишано претходно оваа година.

Можете да погледнете неколку слики од емотивната средба, како и видео записот:

Таткото на Луис Дијаз: Не спиев 12 дена, киднаперите добро се однесуваа со мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот