Таткото на Луис Дијаз: Не спиев 12 дена, киднаперите добро се однесуваа со мене

Фото: EPA-EFE/Ricardo Maldonado Rozo

Пред неколку дена со среќен крај заврши сагата со киднапирањето на таткото на Луис Дијаз.

Таткото на фудбалерот на Ливерпул е пуштен на лсобода откако беше киднапиран и држен 12 дена. Откако помина низ лекарски прегледи и полициска процедура, Луис Дијаз за првпат зборуваше за медиумите.

Според неговите зборови киднаперите се однесувале добро и не бил малтретиран, но секако било тешко.

„Тешко беше, не спиев 12 дена. Бев третиран добро, но секако дека не се чувствував добро. Многу ми ндостасуваа сопругата и децата. Немаше понуда за плаќање, немаше таква потреба. Се заврши легално“, изјави Мануел Дијаз.

Доби прашање и дали планира преселба во Англија каде што поради играњето за Ливерпул престојува неговиот син.

„Верувам дека ќе останам во мојот град, сакам да сум тука, моите родители се погребани тука. Имаме поддршка од Владата и мислам дека нема да има потреба од такво нешто“, одговори таткото на одличниот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот