ФОТО+ВИДЕО | Кокино гори!

Пожар веќе втор ден беснее над Кокино, Општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово. Зафатена е борова, дабова нискостеблеста шума, поголема површина.

Како што објави Противпожарната станица во Куманово на својот Фејсбук профил, пожар го зафати локалитетот Кокино и блиското село Степанце.

Нивни екипи се на терен, но силниот ветер им ја отежнува работата на пожарникарите. Пожарот го гасат и екипи на шумско стопанство, но и мештани.

– Евакуирани се и жители на неколку куќи од Кокино. Пожарот го гасат екипи на противпожарните единици на Старо Нагоричане, Куманово и помош имаат од воздух од армиски хеликоптер-изјави в.д. раководителот на РЦУК Куманово, Арбнор Тефику.
Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот.

ВИДЕО: Кумановско гори, пожар ги зафати куќите во Отошница, општина Ранковце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот