ФОТО+ВИДЕО | Инферно во Градски парк, изгоре барака на Судот за прекршоци

Пожар во Градски парк
Фото: „Слободен печат“

Околу 16 часот изби пожар во бараките на Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје.

Две противпожарни возила на скопската пожарна се на местото на позарот и се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици кои го зафатија објектот и избиваат низ азбестниот покрив.

Поради пожарот кој не ноже да се стави под контрола, во овие моменти постои опасност да се прошири на соседниот објект – хотелот „Томче Софка“ и салата „Партизан“.

Иако на местото на пожарот пристигна екипа на Итната помош, дознаваме дека нема повредени, зошто објектот бил празен во моментот на избивањето на пламенот, па брзо го напушти местото.

Постојат обиди од пожарникарите да ги урнат ѕидовите од објектот за да се поклопи пламенот, но засега трите пожарни го гаснат пожарот во вода.

Објектот на Судот за прекршоци е празен и вон функција и во текот на кампањата за локалните избори, имаше идеја бараките да се пренаменат во детска градинка.

Фото: „Слободен печат“
Фото: „Слободен печат“
Фото: „Слободен печат“