ФОТО+ВИДЕО: Димитриевски ја има најдобрата одбрана во првото коло од шпанската „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Рајо Ваљекано стартуваше со победа во новата сезона од „Ла Лига“ откако со 0:2 на гостински терен славеше против Алмерија.

Значаен придонес во освојувањето на првите три бода во првенството имаше и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Нашиот чувар на мрежата на дуелот против Алмерија на стадионот Медитеранеос се истакна со убава одбрана која се најде во изборот на „Ла Лига“ и е прогласена за најдобра во првото коло.

Видео записот со најдобрите пет одбрани на првото коло од шпанскиот фудбалски шампионат можете да го погледнете ТУКА

По првото коло по бројот на одбрани во „Ла Лига“, моментно водечки е Унаи Симон од Атлетик Билбао со шест одбрани, една повеќе од второпласираниот Димитриевски кој има пет.

Воедно Димитриевски се наоѓа и во тимот на колото според „WhoScored.com“ со оценка 8.14.

Покрај македонскиот голман, во најдобрите 11 се и Рубен Пења (Осасуна), Жил Кунде (Барселона), Давид Алаба (Реал Мадрид), Алфонсо Еспино (Рајо Ваљекано), Иси Палазон (Рајо Ваљекано), Џуд Белингам (Реал Мадрид), Муктар Диакаби (Валенсија), Алекс Баена (Виљареал), Уго Дуро (Валенсија) и Родриго (Реал Мадрид).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот