ФОТО | Запознајте го Кефир, најголемиот мачор во светот

Фото: Инстаграм/Јулија Минина

Русинката Јулија Минина и нејзиното семејство имаат необичен миленик, за кој се верува дека е најголемиот мачор во светот. Мачорот Кефир од расата мејн кун тежи повеќе од 12 килограми и луѓето честопати  го доживуваат како куче на прв поглед.

„Никогаш не претходно не сме чувале мачки. Еден ден ги разгледувавме огласите во една продавница за животни и случајно здогледав едно мало бело маче. Тој беше единствен во леглото. Веднаш се заљубив“, се присетила Јулија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия🤍Кефир (@yuliyamnn)

Јулија признала дека малку се разочарала кога го видела за првпат бидејќи на фотографијата ѝ делувал малку посимпатично. На почетокот, Кефир бил многу слаб, но јадел сѐ.

Ќерките на Јулија го крстиле Кефир поради неговото бело крзно.

„Никој не очекуваше дека нашето ‘грдо пајче’ ќе прерасне во ‘бела планина од крзно’“, додала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия🤍Кефир (@yuliyamnn)

За само една година, Кефир ја зголемил својата големина – тројно. Денес има нешто помалку од две години и тежи нешто повеќе од 12 килограми.

„Кефир сѐ уште важи за маченце. Бидејќи неговата раса (мејн кун) расте до четвртата година, мислам дека тој ќе биде уште поголем во својата крајна форма“, раскажала неговата сопственичка.

Што се однесува до неговата личност, Јулија вели дека мачорот е многу паметен. Меѓу другото, Кефир има своја столица и седи со своето семејство додека тие вечераат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Юлия🤍Кефир (@yuliyamnn)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот