ФОТО+ВИДЕО I Страшен пожар беснее во Северна Ирска: На помош дојдоа хеликоптери од Велика Британија

Повеќе од 70 пожарникари и 10 противпожарни возила од цела Северна Ирска веќе втор ден го гаснат пожарот на тежок терен на планината Морн.

Во напорите ќе се приклучат и хеликоптери од Велика Британија и Ирска, пренесува АП.

Пожарот беснее од петокот наутро во областа Донард Басен – највисоката точка во Северна Ирска, со врв од 850 метри.

Службата за противпожарна и спасувачка служба во Северна Ирска ги повика луѓето да се држат настрана од областа.

Премиерот на Северна Ирска, Арлин Фостер рече дека пожарот е „разорувачки и трагичен“, додавајќи дека влијанието врз локалниот див свет е „незамисливо“.

Помошникот началник на противпожарната служба Ајдан Џенингс изјави дека причината за пожарот во моментов не е позната, но истакна дека ваквите појави се „главно предизвикани од човечко однесување“.

Тој рече дека пожарникарите носат опрема за лична заштита и патуваат до час и половина за да се искачат по падините.

Џенингс изјави дека пожарот се движел брзо, притиснат од источниот ветер.

Времето беше релативно суво во последните неколку недели, додава АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот