ФОТО + ВИДЕО | Deep Purple одржаа концерт за паметење во Скопје

Deep Purple Арена Борис Трајковски

Легендарните Deep Purple концертот во Скопје го отворија со хитот „Highway star” со што предизвикаа овации кај многубројната публика од различни генерации.

Фронтменот Јан Гилан ја поздрави публиката по што продолжи со песна од последниот албум Nothing at all, песна посветена на мајка му.

Легендарните Deep Purple не заборавија да му посветат песна и на починатиот клавијатурист Џон Лорд. Силната енергија препознатлива за групата беше присутна за време на двочасовната рок забава.

Се редеа “Blind men” ” Space truckin’ “Smoke on the water”… а на бис се вратија со “Hush” по што се случи ерупција од возбуда.

Во чест на македонската публика беше изведена и песната “Јовано Јованке”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот