ФОТО: ВАР му поништи регуларен гол на Јувентус против Салернитана

фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Во рамките од Серија А натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана имаше еден крајно неверојатен финиш кој донесе многу бурни реакции, а сега е јасно, донесе и погрешни судиски одлуки.

Мечот во италијанскиот шампионат заврши 2:2, „Старата дама“ се врати од негатива, а на крајот можеше и да направи целосен пресврт.

Новото летно засилување Милик постигна гол за 3:2 за голема радост на стадионот во Торино, но истиот беше поништен.

Реагираа од ВАР собата сметајќи дека играчот на Јувентус Бонучи наводно се наоѓа во офсајд, но изненадувачки не беше прикажан целиот кадар.

На снимката која ја гледаа судиите, никаде во кадарот го немаше фудбалерот на Салернитана, Кандрева, кој беше во таква позиција што никој од играчите на Јувентус не можеше да биде во офсајд. Беше на околу три метри од гол-аут линијата, поради што сите играчи на Јувентус беа во дозволена позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот