ФОТО | Убиени од сопствените сопрузи: 20 улици во Тирана добија имиња на 20 жени жртви

тирана
Феминистичка акција во Тирана / Фото: Принтксрин - Џени Карај /Фејсбук

Во четвртокот вечерта, активисти на Феминистичкиот колектив во Тирана спроведоа симболична акција за подигање на свеста, како одговор на жените убиени од патријархалното насилство во Албанија.

феминистички колектив тирана (3)
Фото: Џени Карај / Фејсбук

Имено, тие го окупирале јавниот простор, како што велат, главно патријархален монопол, со заменување на 20 имиња на улици во главниот град со имиња на 20 жртви на фемицид.

феминистички колектив тирана (3)
Фото: Џени Карај / Фејсбук

„Во општество каде што структурното и патријархалното насилство ги претвора жените во жртви, а мажите во криминалци, каде што криминалот е оправдан и жртвата постојано се обвинува, неопходна е радикална трансформација. На крајот на краиштата, убиствата на жени жртви на родово насилство не се приватни прашања, туку социјални и политички. Следствено, нивното решавање заслужува сеопфатно внимание и конкретни институционални акти кои гарантираат правда за жртвите; „Заштита, безбедност и благосостојба за преживеаните и социјални политики кои го спречуваат насилството и го отвораат патот за еднаквост и социјална правда“, се вели во реакцијата.

феминистички колектив тирана (3)
Фото: Џени Карај / Фејсбук

Имињата на жртвите:

Лумтурие Бици (50) убиена од нејзиниот сопруг, Либражд, 2021 г.
Кларита Исмалаја (45) убиена од сопругот, Круја, 2021 г.
Дијана Вука (59) убиена од нејзиниот брат, Скадар, 2021 г.
Жанета Метани, силувана, експлоатирана за проституција и убиена од Запарим Тела, Тирана, 2021 г.
Кристина Барди, експлоатирана за проституција и убиена од Запарим Тела, Тирана 2021 г.
Лилјана Бузо ( 54) убиена од сопругот, Елбасан, 2021 г.
Дорина Ала (39) убиена од сопругот, во присуство на деца, Италија, 2021 г.
Феленза Ширја (45) убиена од сопругот. Каваја, 2021 година
Ирвана Хика (28) убиена од сопругот во присуство на деца додека била бремена, Фиер, 2021 г.
Луљета Хешта (47) убиена од нејзиниот партнер, Италија, 2021 г.
Саније Бандула (83) убиена од нејзиниот сопруг, Скадар, 2021 г.
Аниса Шеху (31) убиена од нејзиниот сопруг, Грција, 2021 г.
Џоана Пека (27) убиена од нејзиниот сопруг, во присуство на деца, Флорида, САД, 2021 г.
Сабрина Бенгај (23) убиена од поранешниот сопруг, Фиер, 2021 г.
Виолета Гурај (47) убиена во својата куќа од сопругот, Скадар, 2021 г.
Феленџе Раса (45) убиена од нејзиниот сопруг, Дивјаке, 2021 г.
Џасаки Џабоа (31) убиена од нејзиниот сопруг Албанец, Тирана, 2021 г.
Елинда Топали (50) убиена од нејзиниот сопруг, Австрија, 2021 г.
Елона Ибруши (36) убиена од нејзиниот сопруг, Грција, 2021 г.
Киле Топали (40) убиена од нејзиниот поранешен сопруг, Вау и Дејс, 2022 г.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот